Српскиот интернационалец Никола Ескиќ заминува од Брегалница и прави трансфер во литванскиот прволигаш Ритериаи. Тој во Штип пристигна на почетокот од минатата сезона, а претходно во својата кариера има настапи и за српските Напредак и Бачка.
По претходните трансфери на Мартин Стојанов во бугарскиот прволигаш Септември Софија и на Јован Манев во турскиот суперлигаш Адана, Брегалница го договори и трансферот на уште еден свој фудбалер ова лето, српскиот интернационалец Никола Ескиќ.
Раководствата на двата клуба и официјално ги договорија сите услови за продажба на Ескиќ кој својата кариера ја продолжува во литванскиот прволигаш Ритериаи. Двете страни ги прецизираа деталите околу договорот со кој Брегалница добива финансиска отштета, па 24-годишниот Ескиќ денеска и официјално е промовиран во дресот на тимот од Литванија.
„Сакам да искажам благодарност до Брегалница, раководството на клубот и сите навивачи за прекрасната една година која ја минав во овој тим. Сега пред мене е нов предизвик, а на Брегалница искрено и посакувам остварување на сите зацртани амбиции за новата сезона“ – истакнува Ескиќ за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













