Шкендија му се придружи на Шкупи како тим кој ја скокна првата европска пречка. Тетовци денеска ремизираа (2-2) против Арарат во Ереван, но на полувреме имаа два гола предност, како надополнување на триумфот од 2-0 во Скопје.
Тренерот Артим Шаќири е задоволен од пласманот во следната рунда иако вели дека тимот требало да искористи уште некоја шанса и да триумфира и на реваншот.
„Честитки за момците, одиграа одлично, посебно во првото полувреме. Во вториот дел имавме уште неколку шанси да го потврдиме триумфот, а во фудбалот е така – кога нема да дадеш гол, ќе примиш. На крајот заврши 2-2, но најважен е пласманот во следното коло. Сега одиме да се одмориме ден – два во Тетово и веќе мислиме на следниот ривал. Не очекува патување во Летонија“, изјави Артим Шаќири.
Следен ривал на Шкендија е летонскиот тим Валмиера од Летонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













