
Македонскиот претставник Шкендија обезбеди пласман во втората рунда од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА откако на реваншот во Ереван ремизираше (2-2) против Ереван. Триумфот во Скопје (2-0) на крајот се покажа како решавачки фактор за пласман понатаму.
Шкендија поведе во втората минута кога по акцијата на Аденис Шала домашниот дефанзивец Хуан Браво си постигна автогол.
Синдрит Гури во последните мигови од првиот дел зголеми на 0-2 и беше јасно дека Шкендија е на чекор до второто коло.
Ереван успеа да избегне пораз на овој втор меч со подобра игра во второто полувреме. Гор Малакјан во 49.минута намали на 1-2, а во 79.минута уште еднаш ја затресе мрежата на Шкендија за конечно реми. Сепак, Шкендија патува во следната рунда од ова европско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
