Македонскиот претставник Академија Пандев е елиминиран од настапите во Конференциската лига на УЕФА откако загуби (1-2) и во Скопје од Лехија Гдањск. Тимот на Ѓорѓе Стојчев убедливо беше поразен и на гостувањето во Полска, па ривалот сосема заслужено патува во следната рунда. За „пандевци“ сега остануваат други дилеми, дали ќе се фузираат со Беласица или сепак ќе продолжат самостојно да настапуваат во македонската елита.
Мачиеј Гајос во 37.минута постигнa прекрасен гол од далечина за водство на Лехија Гдањск.
Академија Пандев израмни преку Димитар Митровски во 59.минута, но победата за Лехија Гдањск ја донесе Рафал Пјетржак во 82.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













