Connect with us

Академија Пандев се надева на чудо, но може ли да го оствари?

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА, тимот на Академија Пандев, ќе се обиде да направи чудо на денешниот дуел против Лехија Гдањск во Скопје. По првиот дуел, „пандевци“ имаат негатива од три гола (1-4) и навистина ќе треба да се надминат за да направат сензација.


Фудбалерите и тренерот Ѓорѓе Стојчев веруваат во таков развој на настаните.

„Ќе одиграме максимално, резултатот од првиот натпревар мислам дека е нереален споед играта што ја прикажавме. Имавме шанси кои не ги искористивме во Полска. Ако сакаме да се надеваме на чудо, треба да не примиме гол и да постигнеме барем еден во првите дваесетина минути. Сепак, мораме да бидеме и внимателни зошто увидовме дека противникот знае да ја казни секоја грешка“, изјави капитенот Диме Димов.

Дополнителен проблем за тренерот на Академија Пандев ќе биде неиграњето на тројцата можеби и најдобри играчи во тимот, Марко Ѓорѓиевски, Бојан Димоски и Коста Манев.

Реваншот меѓу Академија Пандев и Лехија Гдањск ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ, со почеток од 17 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови