Connect with us

Работнички и Победа ремизираа, Тиквеш ја победи Саса

Работнички ремизираше без голови и на вториот пријателски натпревар од летните подготовки. Овојпат на стадионот „Борис Трајковски во Скопје, „романтичарите“ одиграа 0-0 против Победа. Очигледно дека новиот тренер Љупчо Марковски многу побрзо ја „дотера“ одбраната, но ќе мора многу подобро да се работи на нападот.

Тиквеш ја победи Каменица Саса со 1-0 на пријателскиот натпревар во Кавадарци. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Александар Мишов во првото полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови