Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил (33) стана слободен играч откако го раскина договорот со Фенербахче, чиј член беше од минатата година. Тој претходно го раскина договорот и со Арсенал, а не успеа да ја оживее кариерата во клубот од Истанбул. Сега, според турските медиуми, тој е најблиску до преселба во Башакшехир, клуб поврзан со турскиот премиер Ердоган, со кој Озил има одлични односи.
Озил нема играно од 20 март, кога испадна од првиот тим бидејќи неговата физичка состојба се сметаше за недоволно добра. Пред да биде исфрлен од тимот се судри со тогашниот привремен тренер Исмаил Картал, но неговиот статус не се промени ниту откако искусниот Португалец Жорге Жесус го презеде клубот.
Месут Озил одигра 36 натпревари за Фенербахче за нешто повеќе од една година, постигнувајќи девет гола, а имаше и три асистенции. Играше и за Шалке, Вердер, Реал Мадрид и за Арсенал.
Со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во Бразил 2014 година. На врвот на кариерата тој беше еден од најдобрите плејмејкери во светот, за многумина и најдобар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal