Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го засили средниот ред со српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Раководството на „топчиите“ нуди 55 милиони евра за неговите услуги, тврди „Кориере дело спорт“. Сепак, тоа многу веројатно дека нема да биде доволно за реализација на трансферот.
Популарниот СМС има уште две години до актуелниот договор со клубот и Лацио бара најмалку 70 милиони евра отштета.
Србинот веќе седум години е во Лацио и сака промена, а неговиот агент смета дека можеби сега е и вистински момент за чекор напред во кариерата. За него постои интерес и од Јувентус и од ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













