Заминувањето на Кристијано Роналдо од „Олд Трафорд“ е тема која се почесто се споменува на Островот и во фусбалска Европа. Речиси и да нема дилема која е неговата желба, бидејќи целта му е да игра во Лигата на шампионите до крајот на кариерата, а нема да има можност да го направи тоа доколку остане во Манчестер Јунајтед.
Португалецот им е понуден на неколку европски клубови, но се чини дека најреално во овој момент да се пресели во Челси. Сепак, има и за тоа отпор од менаџерот на Челси, Томас Тухел.
Нов аспект во оваа трансферна сага претставуваат и спонзорите. Тие не сакаат еден од најдобрите фудбалери досега да го напушти Јунајтед.
Според англиските медиуми, тие сметаат дека инвестирале во неговата висока плата (500.000 фунти неделно) во Манчестер Јунајтед и сега сакаат овој потег комерцијално да се исплати во периодот од две години од неговиот договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













