Францускиот репрезентативец Пол Погба се приклучи на првиот тренинг на тимот за новата сезона. 29-годишниот Погба во составот на „бјанконерите“ се уште има поранешни соиграчи од претходниот престој во клубот, во периодот од 2012 до 2016) година. Еден од нив е Леонардо Бонучи, со кој Погба има одлични релации.
Французинот вчера ги мина медицинските прегледи. Погба се враќа во Торино како слободен играч, откако последните шест сезони ги мина како фудбалер во Манчестер Јунајтед каде се пресели за 105 милиони евра.
Тој ќе потпише договор на четири сезони за годишна плата од 8 милиони евра, плус уште 2 милиони во бонуси.
🦁🐙😃 pic.twitter.com/GtQ6JJIPPe
— JuventusFC (@juventusfcen) July 10, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













