
Европскиот првак Реал Мадрид се уште ја бара замената за Карим Бензема за новата сезона. Откако пропадна мегатрансферот на Килијан Мбапе, „кралевите“ го доведоа Чуамени, претходно беше договорен и дефанзивецот Рудигер, но се уште нема потег за ангажман на нов напаѓач.
Раководството на клубот сака да ја дознае конечната одлука на Марко Асенсио, кој има уште една година од актуелниот договор, но сака да замине од „Бернабеу“ ова лето. Во меѓувреме Реал се ослободи од Јовиќ кој замина во Фиорентина, а пред заминување е и Маријано Дијаз.
Анчелоти сака да донесе нов напаѓач кој би бил втор избор, односно добра алтернатива за Карим Бензема. Шпанските медиуми пренесуваат дека прва желба е 22-годишниот напаѓач, Александер Исак.
Швеѓанецот одигра одлична сезона во Реал Сосиедад, добро ја познава лигата и Анчелоти верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра. Исак во договорот има откупна клаузула од 80 милиони евра, но Реал верува дека ќе може да го договори трансферот за 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
