
Главен судија од Бразил стана последниот актер во фудбалот кој јавно призна дека е геј. Станува збор за 41-годишниот Игор Беневенуто, кој е првиот судија кој призна хомосексуална аспирација, а се наоѓа на ранг-листата на ФИФА.
Тој објасни дека можел да стане и професионален фудбалер, но тоа не го направил токму поради неговите сексуални преференции, плашејќи се дека лесно ќе биде разоткриен.
„Ова го сфатив уште од мала возраст“, сподели судијата во подкастот на „Globo Esporte“.
„Пораснав како фудбалер, но таму имаше голема омраза. Не можев да ја поднесам оваа атмосфера, оваа мачо култура, овие предрасуди да се биде маж. За да ја преживеам таа средина, морав да се преправам дека сум друга личност – да бидам друга верзија од мене“.
„Знаев дека има подобро место од животот на еден фудбалер за да се сокрие фактот дека сум геј. Пред мене остана само една патека – да бидам фудбалски судија. Сега имам 41 година, а 23 години сум посветен на судењето. Се однесувам сосема нормално, за да не ги разочарам очекувањата на хетеро – светот. Целиот мој живот го поминав гледајќи да се заштитам од физичко и од психичко насилство“, изјави Игор Беневенуто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
