
Францускиот првак Пари Сен Жермен го презентираше Кристоф Галтие како нов шеф на стручниот штаб. Тој потпиша двегодишен договор со „светците“.
„Среќен сум што му се приклучувам на Пари Сен Жермен, би сакал да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи, Луис Кампос и клубот за довербата во мене. Целосно сум свесен за одговорностите кои се вклучени во тренирањето на овој извонреден тим, кој е еден од најконкурентните и најспектакуларните тимови во Европа. Воодушевен сум што работам со сите овие талентирани играчи, како и со целиот персонал овде во клубот. Мојот фокус е на амбициите, напорната работа и максимално искористување на потенцијалот на тимот. Воодушевен сум што станав тренер на овој тим и што ќе бидам на клупата на ‘Паркот на примцовите’, стадион кој ја отсликува страста за фудбалот“, изјави Кристоф Галтие.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, верува дека клубот го направил вистинскиот потег.
„Среќни сме да му посакаме добредојде на Кристоф во семејството на Пари Сен Жермен. Досието на Кристоф е извонредно, и тој уживаше успеси во секој клуб што го раководеше. Тој е исклучителен карактер кој го извлекува најдоброто од неговите играчи и неговите тимови – врз основа на колективен дух. Горди сме што имаме француски тренер и со нетрпение го очекуваме следното поглавје од растот на клубот“, истакна првиот човек на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
