Connect with us

Каменица Саса го доведе голманот Горан Трајковски

Македонскиот второлигаш Каменица Саса го претстави најновото засилување ова лето. Нов член на тимот од Македонска Каменица е Горан Трајковски. 25-годишен голман доаѓа од Воска, а претходно настапуваше за Силекс, Македонија ЃП, Плачковица, Работнички и за Воска.


„Со особена чест и задоволство ви го претставуваме новото засилување на ФК Каменица Саса за новата второлигашка сезона, Горан Трајковски. Му посакуваме топло добредојде и успешна сезона во зелено-белиот дрес“, објави клубот.

Каменица Саса претходно ги доведе Бошко Ступиќ, Тони Мичковски, Владимир Дујовски и младинскиот репрезентативец Грегори Давков.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови