Мароканскиот интернационалец Хаким Зијеч пред две години пристигна во Челси како големо засилување од Ајакс во трансфер вреден 40 милиони евра, но во лондонскиот премиерлигаш не успеа да се стекне статусот на постојан првотимец.
Челси напорно работи на доведување на нови засилувања во нападот, поради што е извесно дека Мароканецот летово ќе ја промени средината.
Милан е насочен кон Зијеч, а веќе се разговара за деталите за евентуален трансфер. „Росонерите“ сакаат да го доведат 29-годишниот крилен напаѓач на позајмица, а Челси наводно се согласил на таа понуда.
Милан минатата сезона ја освои шампионската титула во Италија и потребен му е голем трансфер за и официјално да го потврди враќањето на големата сцена.
Доаѓањето на Зијеч на десната крилна позиција дефинитивно би претставувало едно големо засилување за тимот на Стефано Пиоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













