Пари Сен Жермен е подготвен да ја зголеми понудата за напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака. Првата понуда на парижаните беше одбиена од италијанскиот тим.
Сасуоло постави цена од 50 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. ПСЖ се уште не е подготвен да ја исплати таа сума, но е се поблиску до неа, со нивната нова понуда која се очекува да биде вредна 40 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Според информациите на „Л’Екип“, Скамака веќе ги договорил личните услови со ПСЖ, па останува само двата клуба да се договорат за отштетата. Сепак, францускиот шампион мора да побрза, бидејќи не е единствениот кандидат за овој фудбалер, кој е во трансферните планови и на Јувентус, Милан, Интер, Арсенал и на Њукасл.
Скамака го привлече вниманието со силните игри во Серија А минатата сезона, постигнувајќи 16 гола на 36 настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













