Пауло Дибала доби новa „корпа“ од големите клубови. Аргентинецот чиј договор со Јувентус завршува за една недела, се понудил на Барселона. Сепак, спортскиот директор Жорди Кројф и тренерот Чави му одговориле на неговиот агент дека не се заинтересирани, пишува каталонски „Спорт“.
Дибала (28) по долги преговори претходно беше одбиен од Интер, а не го сака ниту Милан. Причината е што бара превисока плата, 7 милиони евра годишно.
Севилја му понуди 3 милиони, но тоа не е доволно за Дибала. Јувентус во кој играше од 2015 година и кој за него на Палермо му плати 41 милион евра обештетување е првиот од великаните што ги одби барањата на Дибала.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













