Благоја Тодоровски повеќе не е член на Шкендија откако денеска го раскина договорот со македонскиот првак.
„Тодоровски повеќе не е дел од нашиот клуб, откако постигнавме договор за предвремен прекин на соработката. Тој дојде во Тетово во јануари 2015 година и со нашиот клуб освои две титули и два куп-троеи. Му благодариме на Тодоровски за придонесот за нашиот клуб“ – објави Шкендија на својата официјална веб-страница.
Искусниот 34-годишен десен бек веднаш по добивањето на исписница од тетовските „црвено-црни“ го обелодени и својот нов клуб, албанскиот прволигаш Теута. Тодоровски потпиша договор со Теута на една година, со можност соработката да биде дополнително продолжена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













