
Французинот Пол Погба е под договор со Манчестер Јунајтед до крајот на јуни, а на првиот ден од следниот месец ќе стане слободен играч. Се очекува тој да се врати во Јувентус, а „Кориере дело спорт“ пишува дека тој веќе ги направил медицинските тестови или барем дел од нив во новиот клуб. Откриено е и каков договор ќе потпише по враќањето во Торино.
Францускиот играч за врска беше поврзуван со Реал Мадрид и со ПСЖ, се шпекулираше дека ќе замине во Манчестер Сити или во Челси, но, сепак, ќе се врати во клубот каде што го играше најдобриот фудбал во кариерата.
Шест години подоцна, Погба бесплатно ќе го напушти клубот кој го плати 105 милиони евра и повторно ќе стане член на Јувентус. Тој ќе потпише тригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона, а ќе заработува 8 милиони евра годишно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal