Connect with us

Шкендија го задржува голманот Беким Реџепи до 2023 година

Актуелниот македонски првак Шкендија го обнови договорот со 22-годишниот голман Беким Реџепи. Тој ќе остане во клубот од Тетово до 2023 година. Новата соработка е договорена со опцијата ’2+2 години’. 

„Член сум на најдобриот клуб во државата и среќен сум што раководството и стручниот штаб имаат доверба во моите квалитети. Ќе се трудам да го давам мојот максимум и понатаму и сакам да се надградувам во Шкендија. Продолжувањето на договорот за мене ќе биде дополнителен мотив да работам напорно и да учествувам во идните успеси на Шкендија“, изјави Беким Реџепи за клупскиот сајт.          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови