Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари триумф (3-1) над Ерменија на комплексот на ФФМ, во претпоследниот меч од циклус за ЕП 2023. Иако гостите поведоа со голот на Ерик Симонјан во деветтата минута, сепак, избраниците на Драган Канатларовски се созедоа и израмнија преку Методи Максимов во 22.минута.
Долго време се коваше стратегија за победнички погодок, а на крајот успеа да погоди Марио Илиевски во 85.минута од дуелот. Во судиското продолжение, Сефер Емини од пенал го потврди триумфот на Македонија.
За крај на квалификацискиот циклус, младата селекција на Македонија ќе игра против Украина во Истанбул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













