Ѕвездата на Челзи, Ромелу Лукаку, сака по секоја цена ова лето да се врати во Интер, пренесуваат италијанските медиуми. Тој не доби шанса кај Томас Тухел иако минатото лето пристигна како големо засилување во Челси за 115 милиони евра.
Белгиецот брзо го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел. Тој не е среќен на „Стемфорд бриџ“ и сака да се врати во Интер, па веќе имал телефонски разговор со директорите на миланскиот клуб и притиска да се врати на „Џузепе Меаца“.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека неговиот агент денеска ќе пристигне во Милано и ќе има средба со раководството на Интер. Лукаку е подготвен и на двојно намалување на платата за да се врати меѓу „нероаѕурите“.
Интер е подготвен да прифати позајмица на една сезона, со опција за комплетно откупување на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













