Англискиот репрезентативец Доминик Калверт-Луин е желен за нов предизвик и најверојатно ќе го напушти „Гудисон Парк“. Напаѓачот постигна победнички гол за Евертон во триумфот од 3-2 над Кристал Палас и обезбеди уште една сезона во Премиер – лигата за својот тим, но сака да замине во клуб кој има многу поголеми амбиции следната сезона.
Тој пропушти голем дел од оваа сезона поради скршеница на палецот на ногата, но, сепак, се врати во вистински момент за да потсети дека е одличен напаѓач. На 17 натпревари постигна пет гола.
Арсенал е силно заинтересиран да го ангажира Доминик Калверт – Луин, а и фудбалерот не би имал ништо против да се пресели на „Емирати“. Во трката за него се вклучува и Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal