Ерлинг Халанд потпиша петгодишен договор за Манчестер Сити кој има важност од следната сезона. Тој ќе му се приклучи на новиот клуб во трансфер од Борусија Дортмунд вреден 75 милиони евра, а ќе игра за неделна плата од 450.000 евра. Сите овие бројки далеку ги надминуваат оние за кои Евертон можеше да го донесе пред шест години.
Тимот од „Гудисон парк“ можел да го доведе за само 70.000 евра.
„Можевме да го донесеме за 70.000 евра. Консензусот беше дека е млад и голем и дека кога другите играчи ќе пораснат, ќе ја изгуби својата ефикасност. Тоа, се разбира, не се случи. Тој стана уште помоќен, побрз и подобар“, изјави Брајан Кинг, скаут на Евертон за Скандинавија.
После тоа Евертон го следеше Халанд, наводно имал договор за негов трансфер во висина од 4 милиони евра, но мнозинскиот сопственик на клубот Фархад Мошири се спротивставил на зделката.
21-годишниот норвешки напаѓач оваа сезона за Борусија Дортмунд постигна 29 гола на 30 натпревари или вкупно, 86 гола и 23 асистенции на 89 настапи за клубот.
Манчестер Сити ја искористи понудената можност во клаузулата во неговиот договор и Халанд од следната сезона ќе ги напаѓа тимовите во Премиер – лигата, меѓу кои и Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













