Премиер – лигата ги објави осумте номинации за „Фудбалер на годината“. По двајца фудбалери доаѓаат од Манчестер Сити и од Ливерпул.
Се чини дека најголем фаворит за признанието е Кевин де Бруин, фудбалерот за врска на Манчестер Сити, кој ги води „граѓаните“ кон нова тотула. Тој досега оваа сезона има 15 гола и седум асистенции. Меѓу номинираните од Манчестер Сити е и Жоао Кансело.
Мохамед Салах и Трент Александер Арнолд се „избраните“ од таборот на Ливерпул. Салах има 22 гола и 13 асистенции досега и веројатно е единствениот што може да му парира на Кевин де Бруин.
Номинации добија и Џерод Боувен од Вест Хем, Бакајо Сака од Арсенал, Хјонг – Мин Сон од Тотенхем и Џејмс Ворд-Праус од Саутемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













