Connect with us

Златан плачел на последниот тренинг: Ибрахимовиќ ја завршува кариерата

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата. Toj заплакал на последниот тренинг, а неделниот натпревар ќе биде последен за него на „Сан Сиро“.
Напаѓачот на Милан најверојатно го игра последниот натпревар в недела против Аталанта на „Сан Сиро“, а оваа информација ја објавија многу добро информирани новинари во Италија блиски до „росонерите“.
Човекот кој работеше документарец со Златан по неговото враќање во Милано и кој е уредник на „Скај Италија“, Ди Стефано, напиша:
“Имаше толку многу добри вести за Милан во последно време што навистина ми е жал што го објавувам ова. Златан најверојатно ја завршува кариерата на крајот од сезоната. Добив информација од играч на Милан дека плачел од болки на последниот тренинг. Пиоли и лекарскиот тим му забрануваат да игра, но тој игра и покрај се, сака да биде таму, да влезе барем во последните десетина минути затоа што сака Милан да го освои „скудетото“ . Единственото нешто што го влече Златан за следната сезона е последниот обид да ја освои Лигата на шампионите, но шансите се дека 90% ќе ја заврши кариерата оваа сезона, 10% давам шанса да продолжи и следната. Не може да игра повеќе од 15 минути, доктори од лекарскиот тим ми го потврди тоа. Едноставно му отекува коленото и го спречува да трча нормално. Операција? Може да ја спречи болката некое време, да ја ублажи, но болката ќе се врати за неколку месеци. Златан го погоди и смртта на Мино Раиола, па тоа може да биде пресврт, иако коленото е најголемата причина. Ако Милан го освои „скудетото“, мислам дека тоа е тоа. Мислам дека последен пат гќе о гледаме Златан на „Сан Сиро“ во недела. Посакувам да не е таков, би сакал да ме демантира, тој ми е пријател, но тој знае што е најдобро за него!“
Натпреварот против Аталанта на „Сан Сиро“ во недела е веројатно решавачкиот во борбата на Милан за „скудетото“, бидејќи потоа следи гостување кај Сасуоло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови