Капитенот на Челси, Цезар Аспиликуета ќе ја продолжи кариерата во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Иако лондонскиот клуб на крајот на мaрт ја активираше клаузулата во договорот на Аспиликуета и автоматски му го продолжи договорот за уште една година, тој имал договор со клубот дека ќе добие дозвола да замине бесплатно доколку пристигнат нови сопственици.
Аспиликуета веќе ги договорил условите со каталонскиот клуб, ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година, а ќе заработува 13 милиони евра по сезона.
Тоа ќе биде втор трансфер од Челси во Барселона, откако претходно и Кристенсен се договори со каталонскиот клуб и ќе пристигне како слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













