
Ерлинг Халанд е најбараниот напаѓач во Европа во 2022 година. Пред само две години, зимата 2020 година, тој беше на чекор од Манчестер Јунајтед, но еден детаљ го расипа трансферот и тоа секако е најголемата грешка на „Олд Трафорд“ во овој век.
Тогаш Халанд беше убиствен голгетер на Салцбург и имаше бројни понуди. Најголемиот клуб беше Манчестер Јунајтед, по препорака на Оле Гунар Солскјер, кој работеше со Халанд во Молде.
Солскјер го сакаше својот сонародник, Мино Рајола го привршуваше трансферот, а потоа извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудворд отфрли клучна точка – Халанд да има откупна клаузула во договорот.
Тоа го искористи директорот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, кој го донесе Норвежанецот до крајот на зимскиот преоден рок.
„Мораме да поставиме откупна клаузула во договорот на Халанд, во спротивно тој ќе замине во Манчестер Јунајтед“, изјави Вацке непосредно пред потпишувањето на договорот.
Клаузулата е потврдена и денеска, иако е позната од поодамна, а изнесува 75 милиони евра.
Работите да бидат уште полоши за Јунајтед, Халанд сега е на пат кон Манчестер, но во друг дел од градот.
Од пристигнувањето во Борусија Дортмунд, односно пропаднатиот договор со Манчестер Јунајтед, Халанд на 86 натпревари постигна 82 гола, а Пеп Гвардиола го дефинираше како парче што недостасува.
Манчестер Сити ќе го направи Халанд најплатен во Премиер – лигата, со плата од 500.000 фунти неделно.
Дали грешката на Манчестер Јунајтед од пред две годиби сега ќе добие уште поголема тежина?

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан
