Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе ја предизвика Воска на денешното дерби (17 часот) во Струга и се надева дека со триумф ќе ги врати надежите за освојување на второто место на табелата во Втората лига Запад, кое носи бараж за пласман во елитата. Но, Воска е максимално внимателна иако има и значителна предност.
„Не очекува еден дерби натпревар на кој повторно ќе ја докажеме фаворитската улога. Воска Спорт има прволигашки амбиции и ниe тоа ќе го докажеме на терен, и покрај тоа што овој натпревар се игра во Струга. Тој терен за мене е многу добро познат”, вели Љупчо Трпески од таборот на Воска.
Силекс на домашен терен го пречекува Тетекс, додека Охрид Лихнидос е домаќин на Кадино. Беса ќе го нагости тимот на Велешта, а Кораби ќе се сретне со Гостивар.
Натпреварите се закажани за 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













