Џордан Хендерсон беше еден од хероите во победата (2-0) на Ливерпул над Вилјареал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Капитенот на „црвените“ е стрелец на првиот гол, но имаше и голема среќа со оглед дека топката го удри Еступинан и заврши во мрежата на гостите од Шпанија.
„Мора да имате малку среќа кога вашиот противник игра во таков низок блок. Одигравме добар пресинг во поголемиот дел од натпреварот. Ова им ја отежна работата многу, но резултатот е сè уште активен. Ќе биде тешко да се гостува во Виљареал. Тие се многу организиран тим и знаевме дека ќе биде тешко. Важно беше да продолжиме да ја играме нашата игра и да веруваме дека ќе ги скршиме. На крајот, успеавме во тоа“, изјави Хендерсон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













