Украинското фудбалско првенство нема да продолжи и никој нема да биде прогласен за шампион бидејќи е на сила вонредната состојба поради руската инвазија на земјата.
Последните натпревари се одиграа во декември кога клубовите заминаа на тримесечна зимска пауза. Водечка екипа е Шахтјор Доњецк со 47 бода од 18 натпревари, а зад него е Динамо Киев со два бода помалку.
„Фудбалските клубови од Првата лига го поддржаа предлогот за завршување на сезоната 2021/22 бидејќи не е можно да се заврши првенството поради продолжување на вонредната состојба“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Украина.
Двата водечки тима Шахтјор Доњецк и Динамо Киев следната сезона ќе се пласираат во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













