
Килијан Мбапе ќе добие астрономска сума од 100 милиони евра само доколку се согласи да потпише нов договор со ПСЖ. Покрај тоа, за секоја секоја ќе добие дополнителни 50 милиони евра.
За потпишувањето на новиот договор, катарскиот шеик Тамим Бин Хамад Ал-Тани, чија држава е сопственик на ПСЖ, е подготвен да му даде договор на Мбапе на две, плус една сезона, со неверојатни суми.
Според „Le Parisien“, на одличниот напаѓач му е понудена плата од 50 милиони евра по сезона, но и бонус од дури 100 милиони евра само за да потпише нов договор.
Ова се бројки кои не се паметат во светот на фудбалот и ќе видиме дали Мбапе и неговото семејство ќе одлучат да останат во ПСЖ или ќе го исполнат момчешкиот сон на Мбапе потпишувајќи за Реал Мадрид, кој нуди многу помали бројки.
Килијан Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако на позајмица во 2017 година. Една година подоцна неговиот договор беше откупен за нереални 180 милиони евра, со што стана вториот најскап фудбалер во светот по Нејмар, кој на Барселона и беше платен 222 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
