Реал Мадрид вечерва го пречекува европскиот првак Челси во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Лондон заврши со успех (1-3) за „кралевите“ кои ќе се обидат да го завршат започнатото на „Стемфорд бриџ“.
Избраниците на Томас Тухел имаат два гола за надоместување, што се чини како реално тешка цел. Гостите нема да можат да се потпрат и на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку кој е повреден. Добра вест за Тухел е враќањето на Цезар Аспиликуета, кој го надмина коронавирусот, но надвор од тимот се Калум Хадсон-Одои, Рос Баркли и Бен Чилвел.
Во текот на викендот, Челси го врати духот со победата од 6-0 над Саутемптон и ќе се обиде да го пренесе на „Сантијаго Бернабеу“.
Во исто време, Карло Анчелоти е задоволен од веста за враќањето на левиот бек Ферлан Менди, кој го пропушти последниот првенствен натпревар на „кралскиот клуб“. Сепак, надвор од плановите на Италијанецот е дефанзивецот Едер Милитао кој има суспензија. Неговото место ќе го заземе Начо.
Интересно, Челси за првпат во својата историја гостува на „Сантијаго Бернабеу“. Лошата вест за лондончани е што ниту еден клуб досега не бил успешен на првото гостување во домот на Реал.
Дали европскиот првак ќе дојде да ја остави круната кај „кралот“?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal