Работнички оствари минимален триумф (1-0) над Тиквеш во првиот натпревар од 27.коло во Првата фудбалска лига. Тоа е втор последовен триумф без примен гол за Стојан Игнатов, кој ја презеде клупата на „романтичарите“ по заминувањето на Борче Христов.
Стрелец на победничкиот гол беше Методи Максимов во 29.минута, кој откосо од десната страна со фантастичен удар успеа да ја затресе противничката мрежа.

Девет минути претходно, Нгоба имаше голема шанса да донесе водство за гостите, но Бурхан Мустафа успеа да одбрани. Во вториот дел и Тасев имаше шанса за израмнување, но Мустафа уште еднаш беше фантастичен.
Останатите натпревари од 27.коло се играат од 16 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













