Дресот на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, со кој играше во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, ќе биде продаден две години по неговата смрт на аукција, соопшти денеска аукциската куќа „Сотби“.
Марадона на тој натпревар против Англија постигна два гола, од кои еден со рака, а неговата репрезентација победи со 2-1. По натпреварот Марадона го коментираше голот со зборовите „Божја рака“.
Повеќе од 35 години овој дрес со број „10“ беше во сопственост на играчот од средниот ред Стив Хоџ, кој на крајот од натпреварот го замени дресот со Марадона.
Натпреварот важи за еден од најконтроверзните на светските првенства, а Хоџ го остави дресот на Националниот фудбалски музеј во Манчестер.
„Сотби“ ќе го изложи дресот во своите простории во Лондон за време на онлајн аукција, која ќе трае од 20 април до 4 мај. Почетната цена на аукцијата за овој дрес ќе биде четири милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













