Манчестер Јунајтед во претстојниот летен преоден рок ќе се обиде да го доведе Хари Кејн од Тотенхем, а според „ЕСПН“ дел од трансферот би можел да биде и Антони Марсијал кој моментно е на позајмица во Севилја.
Тотенхем бара 100 милиони фунти за Хари Кејн, што е непремостлива пречка за Јунајтед, а решение на проблемот би можел да биде само доколку Марсијал се согласи да замине во Тотенхем.
Марсијал во минатото беше интересен за тимот од Лондон, но Французинот неколкупати истакнуваше дека во случај да го напушти Јунајтед, повеќе би сакал да игра во Италија или Шпанија отколку да остане во Англија.
Французинот од почетокот на годината има постигнато само еден гол за Севилја, која нема намера да го задржи и следмната сезона, па затоа Тотенхем треба да покаже добра волја и зделката би можела да се реализира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













