
Пауло Дибала (28) за три месеци дефинитивно ќе го напушти Јувентус како слободен играч. Гигантот од Торино официјално потврди дека еден од најдобрите играчи го напушта клубот во кој дојде летото 2015 година од Палермо со отштета од 41 милион евра.
За Јувентус одигра 283 натпревари, постигна 113 гола и забележа 48 асистенции.
По ваквиот изненадувачки расплет, откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката на Дибала со Јувентус, се очекуваше тој да премине во најголемиот ривал Интер.
Сепак, од Шпанија доаѓа ново изненадување. „Мундо Депортиво“ пишува дека Дибала го избрал Атлетико Мадрид.
„Дибала навистина сака да работи под водство на неговиот сонародник Диего Симеоне. Иако тренерот на Атлетико бара „деветка“, а на Дибала многу повеќе му лежи улогата на втор напаѓач, Симеоне не сака да ја пропушти можноста да донесе таков врвен фудбалер без отштета“, пишува „Мундо Депортиво“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
