Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Агим Ибраими иако разочаран по неочекуваниот пораз од Дуделанж во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лига Европа, потенцира дека мора да се соберат сили и да се триумфира на реваншот во Луксембург.
Ибраими смета дека Шкендија игра малку неискусно на европската сцена ова лето. А, во Европа мора да се игра и малку мангупски…
„Во Европа треба да се игра и мангупски. Имаме предност, играме добро и потоа паѓаме и дозволуваме да примиме голови. Мора малку поискусно, но сега треба да сме фокусирани на реваншот. Големите екипи се покажуваат кога е најтешко. Ние сме свесни дека во Луксембург ја имаме последната шанса. Но и знаеме дека имаме квалитет за да го елиминираме Дуделанж“ – ни изјави Агим Ибраими веднаш по завршувањето на денешниот натпревар на арената „Тодор Проевски“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













