Македонија е сензација во светот на фудбалот откако ја елиминира Италија на патот за мундијалот во Катар. Александар Трајковски ги удри „аѕурите“ кога најмногу ги болеше, со фантастичен гол во судиското продолжение од мечот.
Играчот на Леванте, Енис Барди, упати интересна порака, дека Македонија веќе го заслужи големиот мундијалски пехар, ако успее да ги елиминира Италија и Португалија во баражот за Светското првенство.
„Немавме среќа при ждребот, го добивме можеби најтешкиот пат за да стигнеме во Катар. Да ја победиш Италија на домашен терен е нешто неверојатно, а сега одиме на Португалија, исто така на гости. Знаеме дека ќе биде неверојатно тешко, но и знаеме дека можеме да победиме. Ако победиме и против Португалија, нека ни го дадат веднаш пехарот за СП. Нема потреба да одиме во Катар, ќе си седиме во Македонија“, истакнува малку и на шега Енис Барди.
Македонија вчера се врати од Палермо, а утре репрезентацијата заминува за Порто, на финална пресметка со Португалија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski