Судот за спортска арбитража (ЦАС) го одби барањето на Русија за „замрзнување“ на одлуката на ФИФА за забрана на натпреварување на оваа фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.
ЦАС првично го одби барањето на Фудбалската федерација на Русија за суспендирање на санкциите кои УЕФА ги воведе кон руските репрезентативци и клубови поради инвазијата на Украина.
Ова значи дека Русија нема да може да игра против Полска во квалификациите за Светското првенство и речиси сигурно нема да може да игра на Светското првенство кое започнува на 21 ноември годинава.
Претходно, во знак на протест против агресијата на Путин кон Украина, Чешка, по примерот на Полска и Шведска, одби да игра против Русија доколку тие беа во финалето на плејофот за Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













