Работнички стигна до првата победа во новата сезона од Првата фудбалска сезона откако го совлада Шкупи со 2-0 во воведниот меч од второто коло. Стрелец на првиот гол беше напаѓачот Иван Марковиќ во 23.минута од средбата, а триумфот го потврди Димитар Тодоровски во судиското продолжение.
Марковиќ со волеј – удар по корнерот од десната страна успеа да го совлада противничкиот голман Тулио.
Дарко Илиески можеше претходно да го доведе Шкуи во водство. Тој со удар со глава ја погоди гредата од голот на Шишковски.
Во вториот дел, Серџо Јуниор имаше две шанси за составот на Шкупи. Во 52.минута беше блокиран во последен момент, а во 85.минута шутираше крај дирекот.
Во судиското продолжение, Димитар Тодоровски го постави конечниот епилог на мечот, 2-0 во корист на Работнички.
Останатите натпревари од второто коло се играат утре, со почеток во 17 часот,а се среќаваат: Борец – Вардар, Ренова – Струга Трим Лум, Силекс – Шкендија, Македонија ЃП – Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













