Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, на самитот „Бизнис и фудбал“ во Лондон најави дека фудбалската Суперлигата не е пропаднат проект и дека 12 клуба се поврзани со неа со „договори на 120 страници“, кои ги потпишале.
„Договорот сè уште е обврзувачки за 11 од тие 12 клуба“, додаде Ањели, а подоцна беше откриено дека Интер ја напуштил Суперлигата.
Клубот од Милано имаше клаузула според која може да се повлече од Суперлигата доколку не ја собере поддршката од спонзорите. Интер беше единствениот од 12-те клубови кој имаше ваква клаузула и реши да ја искористи.
Челниците на 12 најголеми европски клубови минатата година најавија старт на Суперлигата, но нивниот план пропадна по жестоките критики од јавноста и навивачите. После тоа девет клуба објавија дека се откажуваат од Суперлигата. Јувентус, Реал и Барселона продолжуваат да ја поддржуваат организацијата на ова натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид













