Наполи во последен миг стигна до многу важен триумф (1-2) над Лацио на „Олимпико“. Се чинеше дека Педро ќе го спаси домаќинот од пораз со погодокот во 88.минута од дуелот, но возврати Фабијан Руиз во четвртата минута од судиското продолжение. „Наполитанците“ поведоа со голот на Лоренцо Инсиње.
Капитенот на Наполи реализираше во 62.минута и тоа на асистенција на Елиф Елмас кој влезе на теренот само пет минути претходно на местото на Пјотр Зиелински.
По овој триумф, Наполи се искачи на првото место на табелата со 57 бода, колку што има и второпласираниот Милан. Интер е на третата позиција со 55 бода, но и еден одигран меч помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal