Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, го дели мислењето на неговите играчи и на директорот Леонардо дека судијата на натпреварот против Нант, Микаел Лесаж, не бил на потребното ниво. Сепак, Аргентинецот не смета дека тоа е главната причина за поразот од 1-3.
„Направивме некои добри работи, а некои беа дури и многу добри – оние во нападот. Но, не успеавме да му одговориме на Нант со добра одбрана. Нејмар, Мбапе и Меси се претставија добро. Срамота е што не успеавме да бидеме на исто ниво и во одбраната. Критериумите на судијата за двата тима не беа исти и поради оваа причина го разбирам гневот на играчите и на директорот. Но, мора да направиме јасна дистинкција, бидејќи не доживеавме пораз поради суијата, иако неговите одлуки имаа влијание“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.
Пари Сен Жермен е првопласиран на табелата во Франција со 59 бода и има голема предност пред Олимпик Марсеј (43).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













