Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, нема да биде дел од тимот кој утре на „Паркот на принцовите“ ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Шпанскиот стопер кој со капитенска лента околу раката освои се што може да се освои во дресот на Реал, од оваа сезона е член на ПСЖ. Сепак, тој нема да игра на дуелот со поранешниот клуб.
Рамос има проблеми со потколеницата, во наредните денови ќе тренира индивидуално, а за една недела ќе бидат направени нови тестови кои ќе дадат уште попрецизна слика за неговото враќање на теренот.
Тоа би значело дека речиси сигурно ќе биде подготвен за реваншот во Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













