Македонската колонија во босанскиот клуб Сараево се зголемува. По староседелецот Крсте Велкоски и тренерот Александар Васоски, нов фудбалер на овој тим ќе биде и репрезентативецот Даниел Аврамовски. Тој ќе потпише договор на две и пол години и ќе го засили тимот на Васоски за вториот дел од шампионатот на БиХ.
Аврамовски по одличните игри во Вардар, замина на печалба во Турција, а негов последен клуб беше Кајзериспор. По раскинувањето на договорот, Аврамовски ја чекаше најдобрата понуда и успеа да се договори со раководството на Сараево.
Тој во кариерата играше и во Работнички, Црвена Звезда, Војводина и Олимпија, а сега ќе се пресели во првенството на БиХ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













