Ќатип Османи и Шкупи потпишаа договор за соработка до 2021 година, но трофејниот стручњак сепак нема викендов да дебитира на клупата на скопскиот прволигаш. Во заеднички договор на управата и на Османи договорено е тој да одработи неколку тренинзи со екипата, па да го води Шкупи на куп-средбата со Силекс што ќе се игра в среда. На претстојниот меч од Првата лига, на гостински терен против Академија Пандев на клупата на Шкупи ќе седи Орхан Абди.
Ќатип Османи важи за еден од најуспешните тренери во историјата на македонскиот шампионат, освојувајќи титули со екипите на Ренова и на Шкендија. Пред него е сериозен предизвик да го консолидира тимот на Шкупи, кој слабо ја стартуваше сезоната, со експресна елиминација од Лигата на Европа надополнета со променливи игри на почетокот од прволигашката сезона. Шкупи по шест одиграни кола има две победи, две реми и два порази, но во последните четири средби има само еден триумф.
Тој е трет тренер што сезонава седнува на клупата на Шкупи, по турските стратези Умит Каран и Булент Акин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal