Македонскиот прволигаш Брегалница оствари нова убедлива победа на подготовките во Анталија, откако славеше со 3-0 и против казахстанскиот шампион Тобол. Тимот на Илчо Ѓорѓиоски игра офанзивен и ефикасен фудбал пред стартот на пролетта.
Штипјани од самиот старт доминираа на дуелот против Казахстанците. Во првото полувреме стопроцентна шанса имаше Мартин Стојанов, но неговиот обид од десеттина метри во 21. минута заврши неколку сантиметри покрај левиот дирек од голот на Тобол.
На стартот од второто полувреме, по корнерот од десната страна, капитенот Мојсов со глава ја погоди и гредата од голот на Казахстанците.
Доминацијата вроди со плод во 65. минута кога по дегажманот на Денковски, одлично по десната страна покрај двајца противнички дефанзивци се проби Мартин Стојанов, нафрли пред голот на Тобол каде беше Урош Дамњановиќ кој донесе водство од 1-0.
Брегалница не застана тука, па во 78. минува вистински евро-гол постигна Дамњановиќ со шут од 25 метри за предност од 2-0. Ѓокиќ беше стрелец на третиот гол во 84. минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













