Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум претрпе минимален пораз (1-2) од косовскиот Феризај на првиот контролен натпревар одигран во Драч. Натпреварот што се одигра во „Тропикал ресорт“ донесе еден добар фудбалски натпревар, иако за стружани тоа беше само прв натпревар во рамки на подготовките за пролетната сезона.
Феризај по првиот дел имаше предност од еден гол, а на самиот почеток од второто полувреме Валентин Кочоски го израмни резултатот на 1-1, на асистенција на Буњамин Шабани. На десет минути пред крајот на средбата, по едно невнимание во одбраната на Струга ТЛ, тимот на Феризај го постигна вториот гол и обезбеди триумф.
Следниот натпревар Струга ТЛ ќе го игра против бугарскиот тим Ботев Враца, кој исто така е на подготовки во Драч, Албанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













