Натпреварите од Серија А ќе бидат одложени доколку во тимот има најмалку девет играчи позитивни на Ковид-19. Одлуката ја донесе италијанската влада на заеднички состанок со претставници на спортските и на здравствените власти.
Фудбалерите кои се позитивни на коронавирус треба да бидат ставени во карантин, додека нивните лица за контакт не треба да бидат изолирани, туку мора да носат маски ФФП2 и ќе бидат секојдневно тестирани пет дена и ќе можат да играат ако имаат негативен тест четири часа пред почеток на мечот.
Локалните здравствени служби ќе имаат право да стават тим во карантин за најмалку 35 проценти од позитивните тестови. Бидејќи тимовите од Серија А можат да регистрираат до 25 играчи, спорната точка беше дали тимовите треба да бидат суспендирани за осум или за девет заболени. На крајот беше постигнат договор за одлжување на меч со деветмина заболени од Ковид-19.
Во Италија се надеваат дека новиот протокол за Ковид-19 ќе помогне да се спречи повторување на неодамнешната фарса со Серија А, која одби да го одложи натпреварот, а клубот доби забрана да игра од локалните здравствени служби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













